logo

# Сатира

Ориѓански: "Чест е што јас и Моцарт стоиме зад Ајне Клајне Нахтмузик!"

насловна слика

Неколку денови откако се пофали дека стои зад "Passover"  на Anastasia, односно меѓу народот позната како "А бе онаа песната од филмон на Милчо Манчевски бе, ептен убаво музиче бе како не ти текиња... а бе од филмот...не бе, не тој филмот оној со Шербеџија што му беше.. ти текиња? Ееее таа.. да, да, таа!" Златко Ориѓански се пофали со ново учество во светски познат хит!

 

"Добро... глеам овие од Анастасија бендов демек викаат не треба да се фалам со песна во која што немам удел... и.. ај, да не отворам уста иначе... ќе видат они. Ама... ќе се концентрирам на поубави работи од мојот живот, а не за бенд што има исто име како онаа пејачкана Анастејжа... 

 

Ќе се концентрирам на други успеси од мојата кариера.


На пример, ми текиња... седиме у 1787 со Моцарт... тогаш мал беше он, не беше уште кладилница. Седиме така ја и он... и му викам... "Пер... дај бе да напраиме нешто... само седиме вака по цел ден... имам една идеја..." и земав нешто на пијано отсвирив... после и на трезно свирев на пијаното... и ептен јако испадна. 


Ви викам, ја и Моцарт супер тандем бевме на времето. И за разлика од Анастасиа овој сто посто нема да пише на фејсбук дека ова не е вистина.

 

Пошто е вистина.

 

Ја и името го дадов на песната. Ајне клајне. Смешно ми беше. Тоа последното "нахтмузик" го даде Волфи.

 

Знаете, Волфганг нагалено сакам Волфи да го викам дека бевме блиски.

 

Него ајде, фејсбуку, се брзам, треба у СДСМ да одам, слушам виакат за 4 години ќе ме номинирале за градоначалник. Ајде, се читаме следен пат!" - напиша Златко Ориѓански на неговиот фејсбук профил.

Коментари

mE3u1HFR0G6nfc1X9mSv040VWYfHE85guXbvCNzq

Legenda


Остави коментар