logo

# Сатира

Организаторите на "Black Lives Matter" со поддршка за Македонските протести!

насловна слика

Не запира поддршката за сенародните протести! 

 

Откако Ерван Фуере (линк) упати своја поддршка, со сличен коментар се појавија и организаторите на Black Lives Matter - антирасистичкото движење од САД, кои минатото лето се бореа за своите права во САД.

 

"BLМ е организација што се бори протитив омразата низ целиот свет. Многу луѓе со  бел тен на кожата ја сфатија нашата мака иако не ја имаа исксуено на својата кожа. Меѓу другото, и многу луѓе од Република Македонија упатија поддршка на социјалните мрежи за нашата битка, па фер е и ние да вратиме во иста доза. Ви упатуваме поддршка! Власта мора да падне! Можеби сте едвај два милиона, но тоа не значи дека не заслужувате еднакви права со сите земји во светот! И нас така ни рекоа "ete, malcinstvo ste, sto sakate sea??? Ke rabotis tamu za minimalec u moderno ropstvo, ova e najdobra ponuda za vas!" но ние рековме "НЕ!" за таква понуда. Гледам и вашиот претседател вели "Ete, malce ste, sto da praite"... Не се давајте! Нема правда - нема мир! Иако сте малциство во ЕУ вие заслужувате сами да си одберете знаме, име и устав. Иако сме малцинство ние заслужуваме еднакви права и самостојност! Не смееме да се задоволиме со малку! Нема да има еднаквост во светот додека сите не сме еднакви! Без разлика на бојата на кожата или на тоа дали доаѓате од земја што "ete, 1.8 milioni sme, so da praime" - НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ!!! "BLACK LIVES MATTER" STANDS WITH YOU! ..иначе извинете нешто грешка ако има у текстов, користиме Гугл Транслејт. Ние еднаш имавме наш претседател на САД. Кој знае, можеби и вие ќе имате ваш претседател во вашата земја еден ден. Со среќа, жители на Република Македонија! #AllLivesCantMatterUntilMinorityLivesMatter" - се вели во соопштението на BLM.

 

Коментари


Остави коментар