logo

# Сатира

Опозицијата се уште го бара Реџепи!

насловна слика

Иако поминаа неколку месеци откако опозицијата собра ново парламентарно мнозинство, опозицијата се уште е... опозиција.

 

Причината за ова е непојавувањето на Кастриот Реџепи.

 

Сепак, опозицијата не се откажува така лесно! Тие продолжуваат со барање на Кастриот Реџепи и ја уверуваат јавноста дека штом го најдат ќе имаат свое парламетнарно мнозинство!

 

"Види, ние сме власт. Ние сме на власт. Имаме мнозинство. Само... овај... ам... не знаеме каде е Кастриот Реџепи. Еве, пар месеци го бараме, никако да го најдеме. Ама кога ќе го најдеме... е тогаш ќе видите вие! Ама на власт сме. Рачунајте дека имаме мнозинство. Уште да го најдеме... и се ќе биде ок. Кај и да е ќе го најдеме... кај и да е..." - изјави член на опозицијата.

 

Според извори блиски до Кооперација, Кастриот Реџепи е во собранието на нашата, ваша, а и впрочем сечија земја.

 

Само уште опозицијата да го најде...

 

Коментари


Остави коментар