logo

# Сатира

ООН го праќа Метју Нимиц да спречи граѓанска војна за Honeyland

насловна слика

Војната што се води на Facebook и Twitter околу квалитетот на македонскиот кандидат за Оскар, Honeyland, ги подели Македонците како секогаш претходно и ја направи земјава топ тема на денешната седница на Советот за безбедност на ООН.

Имено, членките на Советот едногласно изгласаа реактивирање на мандатот на поранешниот медијатор за името, Метју Нимиц, чија нова мисија ќе биде да постигне компромис меѓу граѓаните за да спречи ескалирање на ситуацијата и прелевање на судирите на улица. 

Од ООН истакнаа дека ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата што ескалираше по објавувањето на пиратската верзија на филмот на интернет, каде се' уште траат жестоките судири помеѓу познавачите на седмата уметност.

Според првичните информации, г-нот Нимиц треба да пристигне во земјава уште утре, а од доверливи извори дознаваме дека тој, поучен од минатиот пат кога се обиде да постигне компромис, решил тука да си купи куќа, но и гробно место.

Коментари


Остави коментар