logo

# Сатира

#OnlineИницијатива: СИЛУВАЊЕТО НЕ Е МИТ - НЕ ПОСТОИ ОПРАВДУВАЊЕ НА ЧИНОТ НА СИЛУВАЊЕ

насловна слика

КООПЕРАЦИЈА СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН ОВАА ИНИЦИЈАТИВА, ЗАТОА ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ;

По последниот случај на Секторот за внатрешни работи Струмица кои до Основното јавно обвинителство Струмица поднесоа кривична пријава за повеќе лица против силувана 18 годишна девојка во Струмица, Strumica Online ја покренува оваа иницијатива.

Целта е: да не се лажеме, силувањето стана се почеста криминална, девијатна појава и потребно е освестување, едукација и давање на знаење на предаторите дека ќе бидат лишени од слобода.

МАЛО ПОТСЕТУВАЊЕ: Меѓу силувачите има луѓе од сите професии, екстровертни и интровертни луѓе, богати и сиромашни, луѓе во брак и со деца. Истражувањата покажуваат дека само незначителен процент од извршителите на овој насилен чин имаат ментални нарушувања или емоционални проблеми. За сите нив заеднички е начинот на кој ја изразуваат потребата за доминација и лутина – преку злонамерно нанесување емоционална и физичка болка на жртвите. Потребата за моќ, потребата за контрола и бесот се првенствените мотиви на силувањето, а сексуалноста е само начин тие да се изразат.

Мора да знаеме дека секој може да биде жртва, а силувањето може да се врши и под вербални закани (на пример, за губење на работното место, нанесување штета на жртвата или на нејзиното семејство и сл.). Исто така, сe почести се силувања во кои жртвата е алкохолизирана или дрогирана (постојат и т.н. „дроги за силување”), при што насилникот воопшто не мора да употребува сила, затоа што жртвата не ни може да се спротивстави. Ист е случајот и кога жртви на сексуално насилство се индивидуи што не можат самостојно да се грижат за себе и да донесуваат одлуки поради различни видови ментален хендикеп.

Под сексуално вознемирување спаѓаат: непожелни пораки со сексуална конотација, гестикулации, фотографирање или покажување на фотографии од телото со сексуално значење без дозвола, озборување и ширење гласини со сексуална конотација, закани, навредливи коментари со сексуална содржина и сл.

ДОСТА СЕ МИТОВИ КАКО:

- Ако девојката била облечена провокативно, тогаш сама си е крива што била силувана.

- Силувањето не може да му се случи секому. Жртвите се главно млади и атрактивни девојки.

- За да постои сексуално вознемирување мора да има физички контакт.

- Не може да се зборува за силување ако насилникот не употребува оружје или физичка сила за да ја оствари својата цел.

- Силувачите се „криминални типови’’ или ментално болни и, главно, им припаѓаат на ниските социјални слоеви.

Всушност, задоволството од силувањето е поврзано со чувство на ослободување од лутината/агресијата или од стекнувањето на чувство на надмоќ и способност да се контролира другиот. Силувањето е последица на неконтролирана сексуална желба и манифестирањето доминација.

НЕ ПОСТОИ ОПРАВДУВАЊЕ НА ЧИНОТ НА СИЛУВАЊЕ!

Коментари


Остави коментар