logo

# Сатира

ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ! Невакцинираните може да станат попишувачи!

насловна слика

Старт на нов месец, а исто така и почеток на олабавување на мерките на владата! 

 

Минситерството за здравство на чело со Венко Филипче објави дека планираат прекин на забраната за влез на невакцинирани и веруваат дека новите, олабавени мерки ќе бидат навистина позитивно прифатени.

 

"Да, време е за олабавување на мерките. Ако до сега невакцинираните не можеа да влезат во меани, кафичи, трговски центри, спортски стадиони или концертни арени... со новите, олабавени мерки, невакцинираните нема да можат да влезат во меани, кафичи, трговски центри, спортски стадиони или концертни арени... но ќе смеат да станат попишувачи. Придружете се на попишувачкиот тим уште денеска. За наше добро!" - изјави Венко Филипче.

Коментари


Остави коментар