logo

# Сатира

ОГРОМНА ЖРТВА: Петмина од коњаниците денес ги откажале депилациите за да бидат дел од маршот кон Крушево

насловна слика

Огромна жртва, рамна на онаа на востаниците во Крушево пред 130 години, направија петмина анонимни учесници на овогодинешниот Илинденски марш, кои според нашите сознанија, ги откажале закажаните термини за депилација во познат скопски козметички салон, само за да бидат дел од маршот и да оддадат чест на нивните колеги по пожртвуваност.

 

- Конечно знаеме како се чувствувале комитите кога решиле да ги стават во мирување сите планирани активности и да кренат востание. Верувам дека и нашата жртва ќе се памети и чествува како нивната, зошто - да бидеме реални, не е мала работа. Следниот слободен термин е дури на крај на септември. - изјави еден од петмината херои.

 

Како што пренесува нашиот репортер од лице место, коњаниците биле еуфорично пречекани во Крушево и веќе се прават напори да им се излезе во пресрет и да се најде локален салон каде јунаците ќе го добијат саканиот третман.

 

 

Фото: fokus.mk

Коментари


Остави коментар