Откако Зоран Заев ја вети својата ќерка при преговорите со Република Грција, нашиот, а и ваш премиер веќе е тргнат во нова мисија.
Тој веќе кажа дека нема да се откаже од тоа да ја внесе државава во Унијата во која се е толку волшебно и лета сонот на крилест ат. Тоа ќе го направи по секоја цена!
Сега, откако сфати дека сопругата и останатите роднини веќе ги има ветено на неколку високи (и пониски) државници низ светот, тој планира да пушти јавен оглас во кој ќе бара роднини за раздавање!
"Барам роднини. Некој што ми е трет братучед. Балдза за јатрва од домазет за стрина од чичкова страна за баба. Знаете што значи ова? Ни јас, ама наводно постои нешто вакво. Старосвати, младосвати, бадлзи и што ли уште не. Барам! Ако знаете некој што на било кој начин е поврзан со мене обавезно нека ми пише на мејл! Ќе ве ветам некаде во странство, многу веројатно Бугарија, ама ако ви се посреќи можеби ќе бидете ветени и во Германија или САД. Што е побитно, вашата слобода или тоа нашата земја да започне датум за преговори за датум за преговори за членство во некоја си Унија?!? Сигурно слободата нема да ви ги нахрани децата! А членството во ЕУ; кога и да ќе биде тоа, дефинтиивно ќе ви ги! Затоа ајде, ве молам, дојдете со мокрача, крвна слика и информации за вашето потекло овие денови во Владата за да се видиме. Ве уверувам, ова е единствениот начин за да успееме! Заедно!" - изјави Заев.