Овие денови, екипата на Кооперација доби премногу мејлови од поразени кандидати за градоначалници кои го нудат својот велосипед на продажба.
Во кратки црти, сите велосипеди што се на продажба се искористени само еднаш до два пати, а за цената ќе може да се договорите во инбоксот на продавачите.
Продавачите велат дека велосипедите не ја завршиле својата главна цел - носење на гласови, ама најверојатно се ок за нивната споредна цел - превоз.
Доколку сте заинтересирани, пишете ни во инбокс.