Во редакцијата на Кооперација дојде мејл од еден редовен читаш кој побара да му го објавиме овој оглас.
Пробавме да му објасниме дека ние немаме рубрика за огласи, но тој навистина инсистираше.
Еве го неговиот мејл:
"Здраво, господине Кооперација.
Јас сум обичен човек што не може да ги следи мерките на владата во борба против вирусот.
Многу невакцинирани луѓе имаат забрани. За влегување во кафани, трговски центри, кладилници... ама од друга страна пак, многу невакцинирани луѓе смеат да работат во кафани, трговски центри и кладилници... така да, тотално веќе немам поим што смеам, а што не смеам да правам како невакциниран.
Страв ми е, утре кога ќе ми дојдат попишувачи, да ме фатат како мастурбирам со невакцинирана рака, па можеби и ќе ме казнат 500 евра. Затоа, јас, како невакциниран, барам вакцинирана рака што би сакала да ми помогне со мастурбирање, бидејќи не сакам да фатам вирус од мојава, невакцинирана рака.
Ви благодарам што го прочитавте мејлот и се надевам дека ќе го објавите мојот оглас.
Шифра: НЕДОПРЕН БАРА БОЦНАТА ЗА ДОБРО ДРУШТВО"