"Одиме напред кон иднината! Владата на СДСМ цврсто чекори напред!"
Со овие зборови започна последниот прес на владата на нашата земја, а премиерот Димитар Ковачевски не можеше да ја скрие својата радост од тоа што овој викенд официјално ќе се смени времето во Македонија!
"Размислувавме на долго и широко. Дали да не се менува времето. Дали да го вратиме еден час наназад? Дали да го смениме времето за еден час нанапред? Дали да бидеме во иста временска зона со Бугарија? Дали да бидеме во иста временска зона со САД? И после долго размислување решивме - ќе ја смениме годината! Така, во недела, во 02:00, ќе се смени времето и официјално, наместо 2022 ќе биде 6035 година! Ако веќе нешто се менува... нека се менува се комплет. Овој пристап го користиме со уставот и врши работа. Еве, очекуваме да функционира и сега. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше 2012! А кај нас е 6035! Ветивме дека ќе одиме во иднината и ќе бидеме чекор пред сите и истото го исполнивме! Проодлжуваме напред! Кон иднината со СДСМ!!!" - гласеше говорот на премиерот.
Браво! СДСМ е единствена партија која може да не однесе во иднината!