logo

# Сатира

ОФИЦИЈАЛНО!!! ШПАНИЈА Е ИЗБРКАНА ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА!!!

насловна слика

Европската Унија е за еден член пократка. Причината за ова е фактот што ЕУ утрово ја избрка Шпанија, потег кој беше изгласан од сите членови на Унијата, освен Шпанија.

 

Како главна и единствена причина за ова се цитира проблемот на Шпанија со Каталонија.

 

"Не сакаме во ЕУ да имаме земји што имаат проблеми со други држави или покраини. Затоа Србија не ја примаме додека не го реши проблемот со Косово. Затоа Македонија не ја примивме додека не го реши проблемот со Грција. А откако го решија ги примивме. Фала богу.


Глупаво и лицемерно би било да бараме од Република Македонија да се откаже од сопствениот устав и од демократијата во име на "решавање на проблеми", а притоа во самата унија да ја имаме Шпанија која им одбива на Каталонците да станат независна држава. 

 

Затоа, се додека Шпанија не го реши проблемот со Каталонија тие нема да бидат дел од Унијата. А потоа... кој знае. Ги чекаме Србија и Шпанија да ги решат проблемите со Косово и Каталонија пред да бидат примени во ЕУ." - изјави висок претставник на Европската Унија.

Коментари


Остави коментар