logo

# Сатира

ОФИЦИЈАЛНО! Силбо е најголемата опозициска партија во државава!

насловна слика

Ден по масовните протести на ВМРО-ДПМНЕ кои ги блокираа сите крстосници во државата, излегоа и официјалните информации за најголемите опозициски партии во државата!

 

Со собрани 6 луѓе на протестите, ДПМНЕ го доби приматот на втора најголема опозициска партија во државата.

 

На првото место се наоѓа Силбо, кој со триесетина посетители убедливо води пред ДПМНЕ.

 

"Силбо секој ден собира триесетина луѓе кои ги блокираат улиците. ДПМНЕ еднаш, со кампања, со телевизиска моќ, едвај собра 6-7 луѓе, Базирано на ова, може да дојдеме до заклучокот дека Силбо е најголемата опозициска партија во државата и создава многу поголеми проблеми со блокирање на улиците во споредба со ДПМНЕ." - се вели во извештајот.

Коментари


Остави коментар