Официјално! Неколку недели откако беа објавени информациите од пописот, екипата на Кооперација може да потврди дека нема македонско малцинство во Грција!
Секако, оваа информација нема врска со пописот, туку е факт кој постои после потпишувањето на Договорот од Преспа кој потврди дека нема Македонци во Грција, но сепак, ние сме тука да ве известиме за резултатите од пописот.
Можеби пописот не е стопроцентен и не знаеме колкав е бројот на граѓани кои живеат во земјава, но барем знаеме дека нема македонско малцинство во Грција.
Ти благодариме Договору од Преспа, една главоболка помалку!