"Градење на мостови - а не поделби!
Одење напред - а не дозволување минатото да биде пречка кон прогресот!"
Со овие зброви Владата го објави новиот генерален секретар - Никола Груевски!
Од таму се вели дека не сакале да дозволат поделбите од минатото да бидат пречка за добивање на исксуен човек на позицијатa "Генерален секретар на Владата", а исто така тврдат и дека Груевски нема да биде ништо полош од последните пар генерални секретари.
"Последните двајца испаднаа криминалци. Тоа не' изненади сите нас. Затоа, решивме да го викнеме господинот Груевски. За него барем знаеме дека е криминалец и нема да бидеме изненадени." - изјави член на СДСМ за одлуката.
Симпатизерите на СДСМ се презадоволни од одлуката и напишаа голем број на пофални зборови на своите социјални мрежи.
"Браво!!! А не ко овие од ВМРО што никогаш не би седнале на маса со човек од СДСМ!!! Вака само докажуваме дека одиме напред!", "Така треба! До кога ќе се делиме на наши и нивни бе?!?! Браво СДСМ! Браво Ковачевски!", "Вака само се потврдува дека Груевски никогаш нема повторно да е премиер. Ќе биде генерален секретар. Топ!", "А бе од секад сум викал, Грујо е цар, одличен лик иако беше од ВМРО. Бољи е од Мицкоски, барем со него се знаеше. Од секад сум го поштуел иако сме од различни партии!" - беа само дел од објавите.