До кога ќе трае пироманската авантура на господинот Кабел?!?!
Откако минатата година господинот Кабел беше виновен за пожарот кај модлуларната болница во Тетово, МВР објави информација дека Кабел е виновен и за пожарот кај фабриката "Треска"!
"Кабел. Кабел е виновен. Тоа е. Нема да има казни. Се е фер. Се е нормално. Баталете пожар, баталете оган. Да гледаме напред. ДУПот да го средиме и да наместиме тендер една зграда тука да испадне. Пожар ко пожар, а бил, а не бил.." - беше изјавено на прес на МВР:
Екипата на Кооперација е навистина бесна од оваа ситуација, а како што дознаваме од личнсоти блиски до Владата, наводно господинот Кабел имал членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ, а исто така и има лајкнато два поста од членови на ЛЕВИЦА во својот живот, па оттаму, очигледно е дека господинот Кабел сака да ја дестабилизира перфектната влада на СДСМ.
Се надеваме дека господинот Кабел ќе биде уапсен и изнесен пред лицето на правдата.