logo

# Сатира

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Сопругата на Кастриот Реџепи именувана за специјален преговарач со ЕУ

насловна слика

Жената што самостојно успеа да ја спаси европската иднина на Нашата Земја со тоа што го вразуми својот сопруг, Кастриот Реџепи, и го оттргна од лошите патишта по кои беше тргнал, доби заслужена функција како специјален преговарач со Европската Унија и веднаш отпатува за Брисел за да почне со работа.

 

Од Владата велат дека таа се наметнала за оваа функција пред сѐ со своите геополитички познавања, но она со што оставила посебен впечаток кај властодршците е нејзината способност за разубедување, која во иднина ќе ја практикува врз европските бирократи, наместо врз сопругот.

 

Според министерството за надворешни работи со нејзиниот избор драстично ќе се скрати времето за добивање датум за влез во ЕУ, па според нивните пресметки, наместо јануари 2022, очекуваат вратите за влез во унијата да ни се отворат пред оваа Нова Година.

 

Нека ни е со среќа!

Коментари

n0x3HirvSjoUekGH2TcwJsDDXZlWq0hYLcREgoMw

Кога ќе си го видам тилот тогаж ќе има прегворисо еу

PDXdkmKnct5g5VYL6OpOB0PWULUzDCQDLHeNvH2Q

а плус и во Брисел нема ставка “ самокиднапирање” у законот, така да сите опции и се отворени

oGgD95Kd8Hz62o6JJ1QRld6puhvs1qWCCwuw2NbT

ami, na ovoj Redzep Kastriran, zenatamu prima signali so nozete ugore ko anteni?\


Остави коментар