Кој очекуваше ова да се случи на денот кога требаше да се игра најголемиот натпревар во историјата на нашата фудбалска репрезентација?
Имено, УЕФА и ФИФА решија да ја суспендираат репрезентацијата на Италија од понатамошно натпреварување. Па така, Македонија директно ќе продолжи понатаму во следната фаза од плејоф натпреварите.
Ова денеска го потврди претседателот на УЕФА во разговор со нашиот сајт.
"Видете, чудна приказна е ова... значи... видов ова во Украина војнава што се случи. И решив да ја суспендирам Русија поради тоа што ја нападна Украина. И нели, сакам да знам што се случува во светот... и изгуглав... постоело нешто што се вика "Втора светска војна", не знам дали знаеш иначе, ја сеа пред некој ден дознав. Значи тоа било нешто како војната у Украина... ама низ цел свет. Значи цел свет Украина! Е сеа... ја дознав дека у таа војна биле Германија главните, а овие Италијанциве и други земји биле као помошници. Или еве, да ти објаснам Германија била Русија, а Италија била Белорусија. Ме пратиш?" - беше говорот на претседателот на УЕФА, а откако нашиот новинар му даде потврден одговор тој продолжи: "И убивале луѓе! Евреи ептен убивале, ама и не само нив, од се по малце убивале. Ептен лошо! И ја решив дека мора да се суспендираат Германија и Италија. Исто ми спомнаа и за Јапонија нешто, ама они не се дел од УЕФА, тоа му оставам на колегата од ФИФА. Ептен е лошо ова, мора да се бориме против војната! Затоа, Македонија оди понатаму, а во финалето ќе игра против Португалија и Турција, две земји кои немаат никаква дамка во својата истор... момент. На вибер ми пишал нешто асистент... ајдее.... ајдее... лошо, батец. Нема да ти се верува... али пред оваа "Втора светска војна" имало и друга светска војна! Хаос... ајде, да видам кои земји биле у тоа па и нив ќе ги суспендираме. Ајде, се брзам, морам да одам да суспендирам држави."