Официјално! Владата на Нашата Земја изгласа укинување на прославата за "Денот на трудот"!
Почнувајќи од 2024, првиот ден од петтиот месец во годината ќе биде прогласен за "Ден на НАТО".
Се уште денот ќе биде неработен, но единствената разлика е што наместо "Ден на трудот", 1 мај ќе биде насловен како "Ден на НАТО".
"Денот на трудот е остаток од комунизмот. Од социјализмот. Тоа е ден кој е создаден во друг свет. Во време на Југославија, во време на СССР. Држави што веќе не постојат. Први мај е ден кој ги лаже граѓаните дека нивниот труд е најбиното нешто во денешното општество. Тоа не е вистина. Тие имаат храна и пари благодарение на НАТО, а не благодарение на нивниот труд. Мора да гледаме напред. Нашата држава мора да биде во тек со најновите случувања во светот. Мора да се движиме напред и да бидеме модерни. Први мај е остаток од минатото и како такво мораше да се промени "Денот на трудот" со "Ден на НАТО" - празник кој веруавме дека граѓните ќе го прифатат како свој, бидејќи сепак и тие се дел од големото НАТО семејство." - изјави премиерот Ковачевски.
Од друга страна пак, граѓаните немаат некое посебно мислење.
"Дај шта даш, штом е неработен ден и ќе може скара да си напраам... гајле ми е што ќе се слави." - изјави еден граѓанин.