logo

# Сатира

ОБРАЗОВАНИЕ! ВМРОВЕЦ ЈА НАУЧИ ФРАЗАТА "МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ" !!!

насловна слика

Конечно! Прв поголем успех на Мила Царовска како министерка и покрај тоа што ова и е дури второ министерство на кое што таа е главна.

 

Имено, реформите во образованието вродија со плод! Како пример за тоа, го имаме 55 годишниот П.К. кој вели дека конечно сфатил што значат зборовите "морална" и "одговорност" споени заедно!

 

"А бе... види... ја знаеш... си го поштуев Тодоров. Супер човек. Не сфаќав зашто треба да даде оставка. Арно ама.. некои нешто збореа за моларна огдовонотс? Нешто такво... е проблемот е што ја немав поим што е тоа и продолжував да го бранам Тодоров на фејсбук! 


И се беше добро... се додека еден ден на сон не ми се јави еден светец... и не ми објасни се! И се будам... и оп! Магично знам што е тоа "морална одговорност"! И погоди што? Тоа е добра причина за министер за здравство да даде оставка! И нормално, одма побарав од Венко Филипче оставка на фејсбук. Поради морална одговорност. Нормално." - ни кажа овој вмровец.

 

Сега за сега не сме сигурни, но од министерството за надреални работи велат дека возможно е способноста за сфаќање на зборови овој вмровец да ја добил од некој член на СДСМ кој сега очајно го бара значењето на овој збор, а не го знае.

Коментари

HLtHhNE1uOXmc86cqap724ZVpt1crvsjtQIquFjL

Избриши си го смрдениот блог одма !


Остави коментар