Обединувањето не запира! Не постои сила што може да ја победи љубовта!
Откако до сега СДСМ и ДПМНЕ си трампаа неколку кандидати и градоначалници за престојните локални избори, најновата вест најавува дека апетите за обединување на ВМРО-ДПМНЕ се зголемиле!
Кооперација дознава дека тие ќе го кандидираат Бранко Црвенковски за градоначалник на Сараево!
"Сега е време за обединување. Ајде да го баталиме минатото. Време е СДСМ и ДПМНЕ да ги баталат разликите. Затоа, планираме цврсто да застанеме зад Бранко Црвенковски на престојните локални избори. Како роден сарајавец... саравчанин? Сарајевчанец? Сарајевчан? А бе, ме сфаќаш, чоек од Сараево де! Како човек од Сараево веруваме дека е најдобар избор за градоначалник на Сараево, а со овој избор се сложува и Зијадин Села!" - изјави Влатко Ѓорчев.
Кога пробавме да му објасниме дека ова што го збори нема логика бидејќи Сараево не е дел од Република Македонија, тој само ни кажа "МАКЕДОНИЈА ДО ТОКИО! И ДАЉЕ!"
Така збунети, отидовме да го прашаме Зијадин Села, бидејќи наводно тој упатил своја поддршка за овој избор, а тој ни кажа "АЛБАНИЈА ДО ТОКИО! И ДАЉЕ!"