logo

# Сатира

О.Андонов бара да е министер уште 12ч за да има право на пензија

насловна слика
Поранешниот полудневен полуминистер за внатрешни работи, Оливер Андонов, испрати апел до техничката влада да го постави за министер за било што, бидејќи според Фондот за пензиско осигурување, му фалат уште 12 часа стаж за да оствари право на министерска пензија. Тој побара од техничкиот премиер, Оливер Спасовски, да му најде погодно министерство, каде ќе може да го доработи стажот и вети дека воопшто нема да се меша во работата на Владата, исто како што не се мешаше кога беше поставен за министер на 12 часа од Груевски. Според Андонов, ова е најпогодно време за ваков потег, затоа што Собранието е распуштено, па не мора никој да гласа за да го одобри неговото назначување, а тој е спремен во секое време да ја прекине својата кариера како аналитичар и да ѝ се посвети на државата пола ден.

Коментари


Остави коментар