Македонецот со иницијали М.К. (42) ја обвинува Владата и министерството на чело со Венко Филипче за несакани нуспојави од вакцината против КОВИД-19!
"Владата е крива! Венко е крив! Зошто не ми кажаа за овие нуспојави! Значи се беше ок. Се вакцинирав со една доза. После пар недели отидов за втората... и тука настанаа проблемите. Само три денови откако ме вакцинираа со втората доза на Фајзер вакцината, јас завршив на апарати. Жената и цела фамилија беше загрижена, но сепак на крај некако работите се вратија во нормала, па сега сум жив и здрав и можам да си ги кажам своите маки на медиумите" - вели М.К.
Неговата сопруга пак, ни го кажа следново:
"Морееее до вакцината му било..како не беееее... го знам што е и пред вакцината! Еееј, има луѓе цела недела не може да мрднат после втората доза, а овој зел, три дена после вакцинирање, со цела заштеда завршил во казино на апаратите! Ееееееј ЦЕЛА ЗАШТЕДА ЈА ИСКОЦКА НА АПАРАТИТЕ ВО КАЗИНО!!! ЦЕЛА ЗАШТЕДА!! Па кога дојде дома..па кога го фатив..кога го тепав.... цела среќа што не заврши во болница.... магаре едно, 42 години нафукал во газот и уште се лаже на бои и машини и надеж дека ќе стане милионер..КАКО НЕ БЕ...БАШ ТИ ЌЕ ФАТИШ НА АПАРАТИТЕ! Не е ни господин Филипче ни господин Фајзерче крив... ја сум крива што го трпам ова говедо коцкарско! Само ако го фатам уште еднаш на апарати ќе види он!!!"