logo

# Сатира

НОВО РЕБРЕНДИРАЊЕ - ДУИ ќе стане про-ЛГБТ партија!

насловна слика

Кој вели дека ДУИ не е во чекор со трендовите! Откако никој не им го заборави минатото после ребрендирањето во "зелена" партија, сега ДУИ реши да се ребрендира во "виножито" партија која ќе се бори за правата на ЛГБТ+ луѓето.

 

Од ДУИ велат дека ова е потег што е добар за сите нас и е натпартиски! Смета дека само вака може да се влезе во ЕУ и дека ДУИ отсекогаш биле во чекор со сите добри движења во светот. Најпрвин со претходното, а сега и со ова ребрендирање.

 

"Поддржуваме кратенки. Поддржуваме НАТО, поддржуваме ЛГБТ, поддржуваме и УЧК. Се што има кратенка автоматски е добро. А сите ние љубиме да љубиме. Искрено, немаме баш истражено што е ова ЛГБТ, ама претпоставувам дека Б е за Балисти, а Т за терористи? Како и да е, поддржуваме се што ќе ни кажат да поддржуваме. Сметаме дека е време да го баталиме минатото и да бидеме во тек со модерните движење. Јас и моите колеги од ДУИ планираме догодина во Мала Речица да славиме "Парада на гордоста", а сите знаеме дека секоја прослава треба да се обележи со пукање во воздух. Баш прееска нарачавме илјадници пиштоли, пушки и минофрлачи. За да прославиме и да одбележиме дека сме горди. Ова е топ потег!" - се вели во соопштението на Али Ахмети за медиумите.

Коментари

Диано

а......браво


Остави коментар