Познатата компанија за колоризирана вода со екстра шеќер - Цоца Цола, на прес конференција за медиумите најави дека новиот газда на оваа светска корпорација ќе биде Македонец.
"Многу е лесно да дадеш шанса на некој што долго време работел во фирмата и токму него да го назначиш за претседател. Но ние решивме да направиме трик. За да докажеме дека нашата фирма е спремна за нови подвизи и нови ризици ние се решивме за уникатен избор за бирање на новиот сопственик на нашата фирма!" - изјави Господин Кола, досегашниот сопственик на компанијата и продолжи:
"Затоа, направивме една интересна игра. Линк. Го кликате, пишувате пар ствари и тој линк потоа се праќа на сите ваши пријатели на фејсбук.
Изненадувачки, овој проект беше успешен само во Република Македонија, па затоа нашиот нов сопственик ќе биде еден од обичните жители на оваа земја кои го кликнаа линкот.
Прв што ќе ни прати писмо во кое што се вели "SAKAM KOKA VO MOE SANDACHE" ќе стане следнот газда! АЈДЕ МАКЕДОНЦИ НАВАЛЕТЕ!"
На оваа прес-конференција се најави и новата опаковка на пијалокот со ликот на Здравко Чолиќ и ребрендирање на пијалакот во КОКА ЧОЛА.