logo

# Сатира

НОВИ СЛУЧКИ ВО ГИМНАЗИЈАТА „БИЛ ДЕБИЛ“

насловна слика

„МЛАДИНАТА СÈ ПОБИСТРА!“

Завчера во гимназијата за американизација на вселената “Бил Дебил”, ученикот У.С. заради мешањето на еден од професорите во неговото изразување на слободни прдежи, го изрази својот револт со испуштање атомска бомба над непро­светените жители на Јужна Камбоџа, бивша покраина Заир, сегашна Нова Куба. 

Ова надарено момче беше запрашано од нашите новинари за изборот на локацијата, на што тој одговори: “Тие се терористи, човече, а нивниот лидер, диктатор. Тоа го заслужуваат!”

И што да се каже по ова, ос­вен, ура, за нашата напредна младина!

 

Текстов беше првично објавен на порталот „Арно.мк“.

Коментари


Остави коментар