Блерим Џ, бизнисмен од тетовско Жеровјане, кој во центарот на селото поседува ноќен клуб, синоќа се приклучи на бојкотот на руската култура што го започнаа голем број културни институции во западните земји и го откажа настапот на неговите танчерки по потекло од Русија и покрај огромното несогласување на присутната публика.
- Во светло на случувањата во Украина, решив да го следам примерот на нашите НАТО партнери за санкционирање на руските уметници и воопшто на руската култура, па им забранив на танчерките да настапуваат. Оваа забрана ќе стапи на сила веднаш и ќе трае се’ додека е потребно. – рече Блерим во ексклузивната изјава за Кооперација од празниот ноќен клуб, кој вечерва немаше поситетели.
Тој додаде дека секојдневно го прати развојот на настаните на терен и веќе има во план Русините да ги замени со Украинки за јасно да ја демонстрира својата проатлантска ориентација, но и да ѝ наштети на руската економија и на Путин, колку што може повеќе.
Поддршка во неговата хумана мисија тој доби од премиерот Ковачевски, кој му честиташе на храброста и хуманоста, како и од многу хуманитарни организации од западниот свет, кои ги повикаа газдите на ноќни клубови од регионот да го следат неговиот пример и да се приклучат на трендот.