Иако Мила Царовска веќе пред неколку месеци се раздели со нејзината втора министерска работа во кариерата, тоа не значи дека реформите во образованието треба да прекинат.
Министерството за образование и наука најави прогресивни промени, а најголемата промена ќе биде прекин на користењето на арапските броеви. Сега за сега главен фаворит за замена се римските броеви, а има и такви кои препорачуваат целосно да се елиминира предметот Математика и да се спои со предмет наречен "Порано постоеше Историја и Математика ама сега ги споивме двата предмети во еден"
"Нашата земја својата иднина ќе ја бара во Европа. Сакаме да влеземе во Европската Унија, а не во Арапската Унија. Нема потреба да учиме бројки измислени од многу одамна. Време за дигитализација. Време е за прогрес. Време да се каже стоп на Арапската пропаганда во земјава и нивните заостанати верувања. Време е за Европски бројки. Нашата иднина е ЕУ! Одиме напред со нови реформи!' - се вели во мејл на Министерството за образование и наука.