logo

# Сатира

НОВИ ПРОТЕСТИ! По антиваксерите и анти-кондомашите најавуваат протести!

насловна слика

Откако анти-ваксерите и анти-маскерите излегоа на протест пред Собранието на РМ, свои протести најавува и здружението на анти-кондомаши на Република Македонија.

 

Тие, под мотото "Мое тело во твое тело - наш избор" планираат да палат кондоми пред владата.

 

"Како бе тоа морало кондом да се носи? Мое тело - мој избор! Нема да дозволам веќе никој да ме тера да носам кондом! Ќе се собереме сите анти-кондомаши и ќе палиме кондоми пред Собранието. Знаете ли вие колку е тешко да се дише со кондом на глава? Така да, следниот викенд, пред Собрание - НИТУ ЕДЕН КУРТОН НЕ Е БЕЗБЕДЕН!"


После овој говор на лидерот на анти-кондомашите добивме неколку пораки од аноними политичари кои рекоа "А бе... нас ни рекле дека сме куртони... ваљда ние сме безбедни или?"

Коментари


Остави коментар