logo

# Сатира

НОВИ МЕРКИ ЗА ШТЕДЕЊЕ: Вработените по Рамковен ќе бидат ослободени од работа за да не трошат струја

насловна слика

Одговорните енергетски политики на Владата продолжуваат!

 

По вчерашните препораки на министерот за економија и директорот на ЕСМ, кои апелираа граѓаните да се тушираат со тенок млаз вода и да готват во мали тенџериња, денес и нивниот колега, Артан Груби, презентираше свој проект план за заштеда на електрична енергија.

 

Во него, тој предвидува принуден, платен одмор на неодредено време за 1300 вработени од Министерството за политички систем, со една и единствена цел - намалување на потрошувачката на електрична енергија во оваа институција.

 

- ДУИ како партија го форсира овој модел на (не)работење и штедење повеќе од две децении и тој докажано функционира. Низ годините често бевме плукани, омаловажувани и исмејувани поради тоа, но ете се докажа дека сме биле визионери кои штеделе и тогаш кога немало енергетска криза. Ако тоа не е патриотизам, не знам што е. – изјави вицепремиерот Груби.

 

Мерката стапува на сила веднаш и ќе биде укината тогаш кога цената на струјата ќе се стабилизира, светската економија ќе се врати во нормала, инфлацијата ќе прекине, војната во Украина ќе заврши, а Нашата Земја ќе стане членка на ЕУ.  

Коментари


Остави коментар