logo

# Сатира

НОВИ МЕРКИ!!! ВЛЕЗ ВО 2022 САМО СО ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНА!!!

насловна слика

Кој го очекуваше ова?

 

На последниот ден од годината министерството за здравство најави нови мерки!
 

Имено, влез во 2022 ќе биде дозволен само на луѓе што имаат примено две дози вакцина!


"Сакаш да влезеш во кафана? Ти требаат две вакцини. Трговски центар? Исто. Спортска сала? Исто. Сакаш да влезеш во 2022.... и? Што? Мислевте нема да биде исто? Многу нормално дека и за влез во новата година треба вакцина. Не смеете туку така да влегувате во новата година. Што ако заразите некого?" - изјави министерот за здравство и продолжи:

 

"Вие мислите ова е нешто ново? Отсекогаш било вака. Влез во новата година само со вакцини. Затоа голем дел од државата е заглавена во минатиот или предминатиот век. Дека не се вакцинирани против шап и лигавка. Здравје, еден ден ќе влеземе во новиот век. Ама само со вакцина. Памет во глава - вакцина во рамо. Така велам јас."

Коментари


Остави коментар