logo

# Сатира

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид - Кичево

насловна слика
Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него. Целта на оваа мерка е да се намали фреквенцијата на патници по овој ултрамодерен автопат, кој откако беше пуштен во употреба неколкукратно го зголеми бројот на туристи во нашиот најпознат туристички центар и го крена туризмот на едно ново, повисоко ниво. Покрај автопатот, ќе се затворат и повеќе објекти изградени во последниве три години, па така клуч на врата ќе добијат и затворените базени во Охрид и Струга, стадионот и планинскиот дом во Битола, а клупите направени од оградата околу Влада ќе бидат забранети за употреба се’ додека не се дезинфицираат.

Коментари


Остави коментар