logo

# Сатира

НОВИ МЕРКИ! ЏАБЕ ТРИ ДОЗИ ВАКЦИНА АКО СТЕ ЈАДЕЛЕ РУСКА САЛАТА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПАР МЕСЕЦИ!

насловна слика

Министерството за здравство објави нови мерки во борба со КОВИД-19. Новите мерки ќе средат "две муви со еден удар" - односно, освен со коронавирусот тие ќе се борат и со Руската агресија врз Украина.

 

Како начин за додатни мерки од нашата земја до Русија, министерството за здравје планира индиректно да ја забрани руската салата во Македонија.

 

Имено, ако сакате да влезете во кафана, трговски центар или било кој затворен простор ќе мора да прикажете доказ за три дози вакцина + доказ дека не сте јаделе руска салата во последниве неколку месеци.

 

"Сега за сега немаме начин да докажеме дали сте јаделе руска салата во последно време. Ќе го користиме метод на "ај хукни да мирисам" т.е. ќе треба да му "хукнете" во лице на некој од луѓето задолжени да проверуваат статус за вакцинација и доколку вашиот здив мириса на руска салата тогаш ќе ви биде забранет влез во трговскиот центар, на пример. Мораме да се бориме со КОВИД и со Русија во исто време, светот никогаш не бил во ваква ситуација до сега!" - изјави министерот за здравје.

 

 

Коментари


Остави коментар