logo

# Сатира

НОВИ КАЗНИ! ЌЕ ПЛАТИТЕ 20 ДЕНАРИ ЗА КЕСА АКО НЕ СТЕ ПОПИШАНИ!

насловна слика

Иако пописот навидум заврши, тоа не ја спречува владата да се заканува на граѓаните!

 

Денеска, на прес за медиумите, претставник на владата најави дека секој што не се попишал ќе биде казнет, а казната ќе биде задолжително плаќање од 20 денари за кеса!

 

"Мислевте се шегувавме, а? Мислевте дека нема да ве казниме, а? Е па ќе видите вие! Ве имаме сите во список! Сите што имате лична карта, а не сте дел од резултатите на пописот ќе бидете казнети. Вашите слики ќе бидат залепени по сите маркети во државата, а касиерките ќе имаат право да ви наплатат 20 денари за кеса доколку го препознаат вашиот лик!"  - изјави владиниот престсавник.

 

Првично, резултатите од пописот се очекува да бидат добиени тогаш кога ќе заврши пандемијата со Ковид.

 

Значи, следните две недели се клучни.

Коментари


Остави коментар