logo

# Сатира

НОВИ ДОКАЗИ: Рашковски на секој доручек им земал пола чорба на советниците

насловна слика

Нови сознанија за раскалашеното однесување на поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски, излегоа на површина откако еден од советниците собра храброст и пред цела јавност соопшти дека секој месец дел од платата му ја давал на сегашниот притвореник во Шутка.

 

Така, според сведоштвото на уште неколку советници, скоро сите вработени во Владата, со исклучок на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Артан Груби, биле приморани да му даваат пола од чорбата за пеефче, под закана дека доколку не го сторат тоа, ќе останат без работа.

 

- Две години доаѓав стресови, стравови, мобинг... Ославев 20 кила додека беше генерален секретар. Секој ден од 9 до 12, додека трае работното време, за мене беше траума. - изјави за Кооперација една од жртвите, која инсистираше да остане анонимна.

Коментари

Гостин

Белоглави ќе го јаде изглеа,а?


Остави коментар

Архива по датум