Владата со нова акција ќе проба да се бори против сивата економија! Овој пат, владата се реши за тактика која ќе среди "две муви со еден удар", односно новата кампања освен што ќе помогне во борбата против сивата економија таа исто така и ќе помогне во зајакнување на односите на нашата земја со НАТО!
Имено, секој човек што ќе собере 10 фискални сметки ќе може да учествува во акцијата "СО ФИСКАЛНА ДО БОРБА ЗА НАТО ПРОТИВ РУСИЈА!", а доколку биде извлечено неговото плико граѓанинот ќе биде пратен на Руско-Украинската граница каде што ќе чека почеток на трета светска војна.
"Истражувавме на долго и широко и дојдовме до заклучок дека луѓето сакаат патувања. Taканаречениот "Ворк енд травел" е хит меѓу младите, па затоа веруваме дека оваа акција ќе биде популарна и меѓу нив. Кој не сака да оди во Крим за да се бори за НАТО? Не верувам да постои таков човек." - изјави преставничка на владата и продолжи - "За жал, малку бевме скептици околу кампањата. Името на кампањата не се римува како "Со фискална во рака до награди без мака", па мислиме дека луѓето нема да реагираат добро на кампања што не се римува. Мислевме нешто како "Фискална без мака - до враќање од борба за НАТО без рака" ама некако предолго беше името па се решивме за другата опција."
Од НАТО велат дека се презадоволни од оваа идеја и дека ќе биде супер што освен сите што гласаа ЗА на референдумот за "членство во НАТО по цена на разумот, уставот и законите" исто така шанса да умрат за НАТО ќе добијат и oстанатите граѓани.