Рано изутринава, околу 5:30 часот по локално време, Урбаната Полиција изведе уште една од низата акции за подобрување на урбанистичкиот дух во нашиот град. Имено, УП влезе насилно во домот на 23-годишниот Т. Урбо и му ги одзеде сите емпетројки МП3-ки со турбо фолк содржини и истите ги замени со колекција на модерни техно песни.
„Ние работиме во името на урбаноста. Т.У. беше пријавен од неговите соседи заради неговото неурбано однесување. Акцијата беше извршена брзо и успешно, а граѓанинот Т.У. вети дека отсега редовно ќе оди на журките на најголемите светски хаус ди-џеи, кои често го посетуваат нашиот град.
Како што дознаваме од неговите соседи, тој веќе почнал со преслушување на вредните техно-компилации кои што му ги оставивме,” ни соопшти началникот на Урбаната Полиција, Ем Си Полис