Како и секогаш, така и сега, кампањите во обид да бидат хумористични и #reletable доцнат десет години со трендовите, па затоа денвоиве може да приметтите нова кмапања што треба да ги мотивира гласачите да излезат и да го направат истото како и стотици илјади жители на Пустец.
"Сакавме да направиме нешто хумористично и интересно. Да оправдаме зошто не плаќаат. И ни текна! Ќе искористиме зафрканција од пред 10 години! Интересно, зарем не? "Гласање - не сецка и не бара јава! Едноставно најдобро!" Мислиме дека ако и ова не успее да ги мотивира граѓаните тогаш ќе мора да почнеме да ги тераме партииве да не бидат криминални, да почитуваат устави и демократии и пред се да им створат доверба на граѓантие со тоа што ќе се натпреваруваат која партија е подобра, а не која е малце помалку криминална. Ама добро, не дај боже тоа да се случи... Ваљда кампањава со "не сецка и не бара Јава" ќе ги мотивира луѓето да гласаат. Најверојатно." - вели генијалецот зад оваа кампања.