logo

# Сатира

Нов хибриден напад: Принцот на Замунда разговарал со Заев

насловна слика

Владата на РМ денес објави дека деновите бил спречен уште еден хибриден напад, овојпат од принцот на Замунда, кој со премиерот телефонски договарал донација во вредност од 800 милијарди евра, наследство од неговиот татко, соборениот император Оглупи Трети.

Владините служби се пофалија дека измамата била откриена експресно, само три месеци и пет милиони евра после првиот повик, пари што биле испратени заради потврда дека се работи за лажен принц, што и се покажало како точно откако тој прекинал да одговара на повиците на премиерот.

Тие додадоа дека со нивната брза реакција се заштедени 5 милиони евра од буџетот, затоа што на почетокот на комуникацијата принцот барал 10 милиони евра за богатството, сума која е преполовона благодарение на мудрите преговори на премиерот.

Ова е трет успешно спречен напад откако претходно, после само година и пол комуникација, беше откриен лажниот Порошенко и секако, лажната Грета Тунберг за чие демаскирање беа потребни само неколку повици.

Коментари


Остави коментар