logo

# Сатира

НОВ ТРЕНД МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ: Се повеќе се идентификуваат како ТРАНСВАКЦИНИРАНИ!

насловна слика

 

Транспарентно како и секогаш - објавуваме дека нов заразен тренд се шири помеѓу граѓаните, а тоа не е случај само кај трансграѓаните.

Ова трансвлијание доаѓа од Запад и како што се очекуваше, така и е - односно и кај нас станува многу прифатено.

Имено, група граѓани кои немаат примено ниту една доза на вакцина, од многу слушање и апелирање за вакцинација веќе почнале да се чувствуваат како вакцинирани.

Себе си се нарекуваат „Трансвакцинирани“, а за називот велат дека најмногу им помогнале луѓето кои себеси се перцепираат како трансџендери.

„Многу ни се најдоа и конечно ги разбравме како се мачат. Веднаш ни помогнаа да се истакнеме визуелно – да испринтаме маички за да се познаеме кои сме и нѐ поучија да си се држиме како група. Сепак отфрливме некои детали од нивните сугестии, но транс или нетранс важно е човек да му се најде човека во неволја!“

Остануваме на терен!

 

Коментари

B3ZGJZRaRSPT4sy1Q0aOEV57X6PAKgvmWlEB0voO

Hahaha


Остави коментар