logo

# Сатира

НОВ СКАНДАЛ! Човек го запрeл Апасиев да го праша за саат!!!!

насловна слика

Нов ден - нов проблем во вашата држава!

 

Имено, како што нашиот веб-сајт дознава, денеска, околу 10:30 попладне, лидерот на ЛЕВИЦА - Димиатар Апасиев бил запрен од страна на човек кој го запрашал колку е саат.

 

Апасиев не дал одма одговор, објаснил дека има пратенички имунитет, побарал од граѓанинот да се идентификува, а после неколку дебати и расправии на темата на Римското право Апасиев конечно кажал дека било 11 и 30.

 

"А бе у гужва бев, се брзав нешто, и само онака сакав да го прашам да не знае колку е саат. И не ми кажа од одма, почнавме нешто да збориме. Па ми објаснуваше нешто, па ми раскажуваше нешто, па едвај пробав да му објаснам дека не сум платеник на ЦИА што е тука да го елиминира. Фала богу после пола саат дебатирање се сфативме. Ми кажа на крај  11 ипол било саат. И испадна грешка бил, еден саат напред му бил саатот, не го наместил изгледа." - изјави граѓанинот што беше дел од проблемот.

 

Кога го прашавме Апасиев за ова тој кажа:

 

"А бе... грешка. Овие кинескиве саати изгледа почнале у САД да ги праат... ќе си го сменам после кога ќе дојдам дома..." 

Коментари


Остави коментар