logo

# Сатира

НОВ ПРЕДМЕТ ВО УЧИЛИШТАТА: Од септември ќе се учи „историја на едитирање“

насловна слика

„Историја на едитирање“ е новиот предмет кој по предлог на министерката за образование, Мила Царовска, од наредната учебна година ќе биде воведен во основните и средните училишта во земјава, а ќе се изучува и на факултетите.

 

-Идејата е учениците од мали да ги научиме како да ги покријат дупките во знаењето и грешките што ги направиле. Да не дозволиме да останат функционално неписмени и да бидат предмет на подбив на социјалните мрежи. Заедно можеме! – рече министерката Царовска во обраќањето до граѓаните.

 

Наставниците и професорите што ќе го предаваат овој предмет ќе бидат обучени од тимот што ѝ го води Фејсбук профилот на министерката, а специјален гостин на предавањата ќе биде Мила лично.

Коментари

LvgbYK8rpBWVgFEBitSP2oqKOD5FixyFOdGQHtKo

На место си е чупето, ама местово не и е погодено


Остави коментар