Иако многумина мислеа дека после зимското замрзнување на цените, Владата замрзна се' што можеше да се замрзне и борбата против инфлацијата заврши, одлични вести доаѓаат од владината кујна, каде по неколку месечно чекање пристигнал бифтекот нарачан за вицепремиерот Маричиќ, кој вечерва ќе биде свечено замрзнат.
Од Владата соопштија дека ова е најновата мерка против инфлацијата од пакетот жива мера, подготвен од економски и кулинарски експерти, кои после опсежно истражување на пазарот, го нашле бифтекот со најдобар сооднос помеѓу квалитетот и цената.
Експертите со кои ние разговаравме ни рекоа дека ова е навистина добар потег, затоа што се работи за производ кој се троши во огромни количини и доколку не биде набавен по разумна цена, може да го загрози буџетот на државава.