logo

# Сатира

НОВ ЛИСТ НА ДПМНЕ! Трајко Коцев ќе биде нивен кандидат за градоначалник на Скопје!!!!

насловна слика

Кој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не планира да започне нов лист? 

 

Тие денеска објавија дека нивен кандидат на престојните избори за градоначалник на Скопје ќе биде тоталниот политички аматер - господинот Трајко Коцев.

 

"Господинот Трајко Коцев го сретнавме на улица. Не знаеме ништо за него. Со ова планираме да докажеме дека планираме да свртиме нов лист во партијата и дека ќе почнеме со нови, млад, свежи и досега невидени кадри да се вратиме на власт. Време е за ново ДПМНЕ!" - се вели во соопштението на партијата.

 

Господинот Коцев го изјави следното за нашиот сајт:


"Едвај чекам да дојдат изборите. Се надевам дека повторно ќе побед... пардон. Се надевам дека ќе победам за прв пат на изборите. Јас немам никаква допирна точка со политика. Онака, ме викнаа од улица." - изјави господинот Коцев.


Кога го прашавме зошто личи на Коце Трајановски, тој само кажа "Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото." - по што се сврте и замина.

Коментари


Остави коментар