logo

# Сатира

НОВ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ ВО БИТОЛА: Поставена маса со табла за Не лути се човече

насловна слика

Забавниот парк во Битола, во кој вчера беше презентирана новата маса со шаховска табла, ќе биде збогатен со уште нови содржини, како што е маса со табла за „Не лути се човече“, која треба да биде поставена деновиве.

 

- Масата со шахот наиде на воодушевување помеѓу членството. Од тоа заклучивме дека не сечија интелигенција е доволно висока за да може да ја игра таа игра. Токму затоа најпрвин поставуваме една маса за „Не лути се човече“, а потоа ќе додадеме уште неколку. Оти да бидеме реални, таму ќе е гужвата! – изјави градоначалничката Наташа Петровска.

 

Првата поставена маса ќе биде донација од кабинетот на градоначалничката, додека за останатите општина Битола ќе објави тендер кој ќе биде отворен за сите столари и дрводелци со членска од СДСМ.

Коментари

pWiYyVjvtifCJmH2InnNiNSvL0kT5swAo1HurNL3

Е сега тек ќе дојде Илон Маск...


Остави коментар