logo

# Сатира

НОВ ГАФ НА МИЦКОСКИ: Започна со "Добар ден"!!!

насловна слика

Нов ден и нов гаф на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ! Откако тој пред неколку денови кажа "Велигден" наместо "Илинден" денеска се случи нов гаф што стана инстант хит на социјалните медиуми.

 

"Драги дами и господа, добар ден и сакам да..." - започна Мицкоски кој веднаш ја согледа својата грешка и проба да се оправда за грешката.

 

Сепак ова беше предоцна и сите се изнасмеаја.

 

Како што знаеме, ниту еден ден во историјата на независна Република Македонија не бил добар, па оттаму и нашето потсмевање со Мицкоски кој кажа "добар ден" за ден што воопшто не е добар.

 

Се надеваме дека наскоро ќе се опамети.

 

...најверојатно нема.

Коментари


Остави коментар