logo

# Сатира

Нинџа ќе пее на прославата по повод денот на независноста во Пеленица

насловна слика

Естрадниот уметник, Александар Василевски - Нинџа, познат по своите судски настапи и хитовите кои произлегоа од нив, го потврди својот концерт на прославата што ја организира СДСМ по повод денот на независноста на Нашата Земја, во Пеленица, општина Кисела Вода, и со тоа го официјализира своето враќање на естрадата.

 

- Нинџа ќе ѝ се претстави на публиката со своите најголеми хитови, кои ги пееше на неговите неколку последни настапи пред судот. И иако поканата дојде во последен момент поради откажувања на други ѕвезди па времето за проби ни беше ограничено, сепак сум сигурен дека ќе испее сѐ без грешка, оти ги знае сите хитови напамет. - рече неговиот менаџер, кој воедно е и хармоникаш во бендот.

 

Долгоочекуваниот настап на Нинџа, кој отсуствуваше од сцената скоро 5 години, доаѓа по неколкуте откажувања на други естрадни ѕвезди, кои одбија да настапуваат на партиски собир, со што ја отворија вратата за кам-бек на нашиот познат пејач.

Коментари


Остави коментар