logo

# Сатира

Нина Ангеловска за извадените пари: На сон ми се јави Св. Трифун

насловна слика
Нина Ангеловска најостро ги демнатираше сите шпекулации дека имала инсајдерски информации дека ќе пропадне „Еуростандард Банка“, по што ги повлекла своите пари од банката. Како што вели министерката за финансии, причината поради која ги повлекла парите од „Еуростандард Банка“ е тоа што на сон и се јавил Св. Трифун, облечен како скитник со искината облека. „Беше тоа страшен сон, да не речам кошмар. Св. Трифун беше облечен како скитник. Носеше искината облека. Џебовите му беа дупнати. Одеше по еден темен ќор-сокак. Одеднаш истрча една девојка, го потегна за рака и го праша дали ќе може да си ги подигне своите пари. Св. Трифун ѝ рече само еден збор „извини душо“. Беше многу страшно...“ - изјави министерката Ангеловска.

Коментари


Остави коментар