logo

# Сатира

Никола Димитров: АКО НЕ ВО ЈАНУАРИ, ДО СЛЕДНАТА СРЕДА ДОБИВАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ!

насловна слика

Еден од најпознатите шпиони на 21 век - Никола Димитров со добри вести за граѓаните на нашата земја!

 

Имено, како што вели тој, само прашање на време е кога земјава ќе добие датум за почеток на преговорите за почеток на преговорите за добивање на датум за почеток на преговорите за влез во Унијата што живот дава.

 

Првичната опција  беше Декември 2005, но според најновите информации друга опција е Јануари 2022 или евентуално другата среда.

 

"Ќе биде. Или во декември или во јануари. Евентуално може и другата среда да е ако го средиме конфликтот со Сао Томе и Принципе. Наводно им сметало што во државава имало неколку луѓе што се викале Томе, исто како и нивната држава. Па предлагам сите луѓе што се викаат Томе да им го смениме името во Северец. Кога може да има човек што се вика Југослав, зошто да не може ова? Што? Името да не ќе им ги нахрани децата? Битно е да влеземе во Унијата што живот дава.. Само ви велам. Смирено, Ќе биде. Ако не у декември тогаш во јануари или во следната среда. Ќе биде. Смирено." - вели Никола Димитров.

Коментари

wo2YqhoGXbyvSNRGnWawPZtOersX411rBQCVlLOC

не ми и јасно само како сам на себе не си се здосади ,5 год. иста приказна


Остави коментар