logo

# Сатира

Никогаш Нидерланд - Само Холандија!!!

насловна слика
По одлуката на Холандските власти да се промени името на државта во Нидерланд, опзициската партија ВМРО Холандска искочи на простес во Амстердам. Опозицијата заедно со народот на овој масовен собир порача „Никогаш Нидерланд - Само Холандија“! Тие се едногласни дека ова е срамна одлука која задира по идентитетот на државата и холандскиот народ. „За ова ли се бореле нашите предци?! Како не им е срам да газат по светиот холандски идентитет! Нашето име е Холандија и ќе остане Холаднија! Нема да им помине ова на Нидерџаните! Ќе се бориме до крај!“ - порача еден изреволтиран протестант. Опозициската ВМРО Холандска веќе поднесе петиција за собирање на потписи со која ќе се бара враќање на уставното име Холандија. Тие се оптимисти дека ќе успеат, како што велат, да ја поништат оваа срамна одлука на холандските власти.

Коментари


Остави коментар